Nokia 6760 slide - Остврување на повици

background image

Остврување на повици

Забелешка: Актуелната сметка за повиците и

услугите од Вашиот оператор може да се разликува, во

зависност од својствата на мрежата, заокружувањето на

сметката, даноците итн.
За да остварите и примате повици, уредот мора да биде

вклучен, мора да има инсталирано валидна SIM картичка,

и мора да се наоѓа во опсегот на мобилната мрежа.

Важно: Во Офлајн профилот не можете да

остварувате или примате какви било повици, или да

користите други карактеристики за кои е потребно

мобилно мрежно покривање. Сеуште се можни повици

кон официјалниот итен број програмиран во Вашиот

уред. За да остварувате повици, првин ќе морате да ја

активирате функцијата на телефонот со промена на

профилот. Ако уредот е заклучен, внесете го кодот за

заклучување.

Остврување на повици

За да остварите повик, внесете го телефонскиот број,

вклучувајќи го и повикувачкиот код, и притиснете го

копчето за повикување. За да го завршите повикот или за

да го откажете обидот за повик, притиснете го копчето за

завршување.

Вашиот Nokia 6760 slide

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

22

background image

Совет: За меѓународни повици, додадете го знакот

+ кој го заменува меѓународниот код за пристап, а

потоа внесете го кодот на државата, регионалниот

код (доколку е потребно испуштете ја првата 0), и

телефонскиот број.

Одговарање на повик

За да одговорите на некој повик, притиснете го копчето

за повикување. За го одбиете повик, притиснете го

копчето за завршување.
За да го исклучите тонот на ѕвонење наместо да

одговорите на повикот, одберете Silence.
За да ја прилагодите јачината на звук на активен повик,

користете ги копчињата за јачина.