
Префрлување на содржина
Типот на содржина која може да биде префрлена зависи
од моделот на уредот од кој сакате да ја префрлите
содржината. Ако уредот поддржува синхронизација,
можете исто така да синхронизирате податоци помеѓу
уредите. Вашиот Nokia 6760 slide Ве известува доколку
другите уреди не се компатибилни.
Ако другиот уред не може да биде вклучен без SIM
картичка, можете да вметнете SIM картичка во него. Кога
Вашиот Nokia 6760 slide се вклучи без SIM картичка,
автоматски се активира offline профилот и трансферот
може да се изврши.
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
21

Префрлување на содржина за прв пат.
1. За да превземете податоци од другиот уред за првпат,
на Вашиот Nokia 6760 slide, одберете Switch во
апликацијата Прилагодување на телефонот или
одберете > Tools > Switch.
2. Одберете го типот на конекција што сакате да го
користите за префрлување на податоците. И обата
уреда мора да го поддржуваат типот на поврзување
кој ќе го одберете.
3. Ако одберете Bluetooth, поврзете ги двата уреда. За
Вашиот уред да започне да бара уреди со Bluetooth
конективност, одберете Continue. Одберете го уредот
од кој сакате да ја префрлите содржината. Ќе бидете
прашани да внесете код на Вашиот Nokia 6760 slide.
Внесете код (1-16 цифри), и одберете OK. Внесете го
истиот код и во другиот уред, и одберете OK. Уредите
се сега спарени.
Некои поранешни Nokia уреди може да ја немаат
апликацијата Префрлување. Во овој случај,
апликацијата Префрлување се испраќа до другиот
уред во вид на порака. За да ја инсталирате
апликацијата Префрлување на другиот уред, отворете
ја пораката и следете ги упатствата.
4. Од Вашиот Nokia 6760 slide, одберете ја содржината
што сакате да ја префрлите од другиот уред
Кога префрлувањето ќе започне, можете да го
откажете и да го продолжите подоцна.
Содржината се префрлува од меморијата на другиот уред
во соодветна локација во Вашиот Nokia 6760 slide.
Должината на времето на префрлување зависи од
количеството на податоци кое треба да се префрли.