
Вклучување или исклучување на
уредот
Притиснете и задржете го копчето за заклучување се
додека не почувствувате уредот да вибрира.
Ако е потребно, внесете го PIN кодот или кодот за
заклучување, и одберете OK. Доколку уредот го побара
кодот за заклучување, внесете го кодот за заклучување и
одберете OK.
Видете "Што е код за
заклучување?" стр. 11.
За почеток
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
16

Кога ќе го вклучите Вашиот уред за првпат, се отвара
апликацијата Прилагодување на телефонот. Со
апликацијата Прилагодување на телефонот, можете да
прилагодите како да изгледа и како да работи уредот. За
подоцна да ја отворите апикацијата Прилагодување на
телефонот, одберете > Applications > Help > Phone
setup.
За да ги наместите правилните часовна зона, време и
датум, одберете ја државата во која што се наоѓате и
локалното време и датум. За да ја пронајдете Вашата
земја, внесете ги првите букви од името на земјата. Многу
е важно да ја одберете точната земја, затоа што записите
од календарот може да се променат ако подоцна ја
промените земјата и ако новата земја се наоѓа во друга
часовна зона.