Поддржани мемориски картички
Користете само компатибилни microSD картички
одобрени од Nokia за употреба со овој уред. Nokia користи
одобрени индустриски стандарди за мемориски картички,
но некои видови може да не се целосно компатибилни со
овој уред. Некомпатибилните картички може да ја
оштетат картичката и уредот и да ги оштетат податоците
зачувани на картичката.
Чувајте ги сите мемориски картички подалеку од дофат на
мали деца.
Можете да ја проширите достапната меморија со
microSDHC или microSD картичка со капацитет до 8 GB.
Оптимални перформанси се постигнуваат со 4 GB microSD
картичка. Можете да вметнете или отстраните microSDHC
или microSD картичка без да го исклучите уредот.
За да ги максимизирате перформансите на Вашиот уред,
се препорачува да не се зачувуваат повеќе од 100
датотеки во која и да било папка.