Nokia 6760 slide - Впарување уреди

background image

Впарување уреди

Изберете > Tools > Connectivity > Bluetooth.
Отворете го табот на впарените уреди.
Пред впарувањето, одлучете за сопствената лозинка

(1-16 цифри) и договорете се со корисникот на другиот

уред да ја користите истата шифра. Уредите што немаат

кориснички интерфејс, имаат фиксна лозинка. Лозинката

ви е потребна само кога првпат ги поврзувате уредите.

После впарувањето, возможно е да се овласти врската.

Впарувањето и овластувањето на врската го прават

поврзувањето побрзо и полесно, бидејќи не морате да ја

прифаќате врската меѓу впарените уреди секогаш кога

воспоставувате врска.

Интернет и конективност

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

46

background image

Лозинката за далечински SIM пристап мора да има 16

цифри.
Кога безжичниот уред е во далечинскиот SIM режим,

можете да користите само компатибилни поврзани

додатоци, како што е сет за во автомобил, за да

остварувате и примате повици.
Додека сте во овој режим, Вашиот безжичен уред нема да

остварува никакви повици, освен кон итните броеви

програмирани во Вашиот уред.
За да остварувате повици, првин мора да го напуштите

далечинскиот SIM режим. Ако уредот е заклучен, првин

внесете го кодот за заклучување за да го отклучите.
1. Изберете Options > New paired device. Уредот

почнува да бара Bluetooth уреди во опсегот. Ако сте

испратиле податоци порано користејќи Bluetooth

поврзаност, прикажана е листа со претходните

резултати од пребарувањето. За да пребарувате

повеќе Bluetooth уреди, изберете More devices.

2. Изберете го уредот со кој сакате да се впарите и

внесете ја лозинката. Истата лозинка мора да биде

внесена и во другиот уред.

3. Изберете Yes за да ја направите врската меѓу вашиот

уред и другиот уред автоматска или No за рачно да ја

потврдувате врската секогаш кога е направен обид за

поврзување. После впарувањето, уредот е зачуван на

страницата на впарените уреди.

За да дадете прекар на впарениот уред, изберете

Options > Assign short name. Прекарот е прикажан во

вашиот уред.

За да избришете впарување, изберете го уредот чие

впарување сакате да го избришете и Options > Delete.

За да ги избришете сите впарувања, изберете Options >

Delete all. Ако сте тековно поврзани на уред и сте го

откажале впарувањето со тој уред, впарувањето е

веднаш отстрането, а врската е завршена.
За да дозволите впарен уред да се поврзе автоматски на

вашиот уред, изберете Set as authorised. Врските помеѓу

вашиот уред и другиот уред можат да се направат без

ваше знаење. Не е потребно посебно прифаќање или

овластување. Користете го овој статус само за сопствени

уреди, како што се компатибилни слушалки или

компјутер, или за уреди коишто припаѓаат на некој кому

му верувате. Ако сакате секогаш посебно да прифаќате

барања за врска од другите уреди, изберете Set as

unauthorised.
За да користите Bluetooth аудио опрема како што се

Bluetooth хендсфри или слушалки, треба да го впарите

вашиот уред со опремата. За лозинката и понатамошни

инструкции, видете во упатството за корисникот на

опремата. За да се поврзете на аудио опремата, вклучете

ја. Некоја аудио опрема се поврзува автоматски со вашиот

уред. Во спротивно, отворете го табот на впарените

уреди, изберете ја опремата и Options > Connect to

audio device.