Nokia 6760 slide - За Bluetooth

background image

За Bluetooth

Bluetooth технологијата во вашиот уред овозможува

безжични врски помеѓу електронски уреди во опсег од 10

метри (33 стапки). Bluetooth врска може да се користи за

да испратите слики, видео, текст, визит-карти,

календарски белешки или безжично да се поврзете на

уреди што користат Bluetooth технологија.
Бидејќи уредите што користат Bluetooth технологија

комуницираат користејќи радио бранови, вашиот уред и

другите уреди не мора да бидат во директна видна врска.

Двата уреди само треба да бидат максимално 10 метри

оддалечени еден од друг, иако врската може да биде

изложена на интерференција од пречки како што се

ѕидови или од други електронски уреди.

Неколку Bluetooth врски можат да бидат активни

одеднаш. На пример, ако вашиот уред е поврзан на

слушалки, исто така можете истовремено да пренесувате

датотеки на друг компатибилен уред.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата

2.0 + EDR што ги поддржува следниве профили: напредна

аудио дистрибуција, аудио/видео далечинска контрола,

основно фотографирање, идентификација на уред, dial-

up networking, пренос на датотеки, општа аудио/видео

дистрибуција, општа размена на објекти, хендсфри,

слушалки, уред со човечки интерфејс, праќање објекти,

пристап до именик и SIM пристап . За да осигурате

интеропратибилност помеѓу другите уреди што

поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци

за овој модел што се одобрени од Nokia. Проверете со

производителите на другите уреди за да ја утврдите

нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја

зголемуваат побарувачката на енергија од батеријата и

го намалуваат животниот век на батеријата.