Испраќање и примање на податоци преку
Bluetooth
Одберете > Tools > Connectivity > Bluetooth.
1. Кога ќе ја активирате Bluetooth конекцијата за прв пат,
ќе бидете прашани да го именувате Вашиот уред.
Дадете му на Вашиот уред уникатно име за да го
направите лесно препознатлино доколку има
неколку Bluetooth уреди во близина.
Интернет и конективност
© 2009 Nokia. Сите права се задржани.
45
2. Одберете Bluetooth > On.
3. Одберете My phone's visibility > Shown to all или
Define period. Ако одберете Define period, треба да
го дефинирате времето за кое Вашиот уред да биде
видлив за други. Вашиот уред и името кое сте го внеле
може да биде видено од другите корисници со уредот
користејќи Bluetooth технологија.
4. Отворете ја апликацијата каде што е зачуван
посакуваниот објект.
5. Одберете го објектот и Options > Send > Via
Bluetooth. Уредот пребарува за други уреди
користејќи Bluetooh технологија во опсегот и ги
прикажува во листа.
Совет: Ако имате испраќано податоци
користејќи Bluetooth технологија претходно, се
прикажува листа на резултати од претходните
пребарувања. За да пребарувате за повеќе
Bluetooth уреди, одберете More devices.
6. Одберете го уредот со кој сакате да се поврзете. Ако
другиот уред бара спарување пред податоците да
можат да бидат префрлени, ќе бидете прашани да
внесте пристапен код.
Кога врската ќе се воспостави, Sending data се
прикажува.
Папката Испратени во апликацијата Пораки не ги
зачувува пораките кои се испраќаат користејќи Bluetooth
поврзување.
За да примате податоци користејќи Bluetooth
поврзување, одберете Bluetooth > On и My phone's
visibility > Shown to all за да примате податоци од
неспарен уред или Hidden за да примите податоци само
од спарен уред. Кога примате податоци преку Bluetooth
поврзуваање, во зависност од прилагодувањата на
активниот профил, се огласува звук, и ќе бидете прашани
дали сакате да ја прифатите пораката во која се вклучени
податоци. Ако ја прифатите, пораката се поставува во
папката Дојдовно сандаче во апликацијата Пораки.
Совет: Можете да пристапите во датотеките на
уредот или на мемориската картичка користејќи
соодветен додаток кој ја поддржува услугата File
Transfer Profile Client (на пример, лаптоп компјутер).
Bluetooth конекцијата се прекинува автоматски по
испраќањето или примањето на податоци. Само Nokia PC
Suite и некои додатоци како што се слушалки може да ја
одржуваат конекцијата иако не се активно користи.