Nokia 6760 slide - За Мапи

background image

За Мапи

Со Мапи, можете да ја видите вашата тековна локација на

мапата, да прегледувате мапи на различни градови и

земји, да барате места, да планирате рути од една

локација до друга, да зачувувате локации и да ги

испратите до компатибилни уреди. Можете и да купите

лиценци за услуги за сообраќајни информации и

навигација, ако се достапни за вашата земја или регион.
Кога употребувате Мапи за прв пат, можеби ќе треба да

одберете интернет пристапна точка за даунлоадирање на

мапи.
Ако прегледувате некоја област која не е покриена со

мапи кои веќе се преземени во вашиот уред, мапата за

областа автоматски ќе се преземе преку интернет. Некои

мапи може да се достапни во вашиот уред или во

мемориска картичка. Исто така можете да го користите

компјутерскиот софтвер Nokia Map Loader за да преземате

мапи. За да инсталирате Nokia Map Loader на

компатибилен компјутер, видете на www.nokia.com/

maps.

Совет: За да избегнете трошоци за префрлување на

податоци, можете исто така да ги користите Мапи

без интернет конекција и да ги пребарувате мапите

кои се зачувани на Вашиот уред или мемориска

картичка.

Забелешка: Даунлоадирањето содржини како

што се мапи, слики од сателити, гласовни датотеки,

водичи или информации за сообраќај може да вклучуваат

пренос на големи количини на податоци (мрежна услуга).
Скоро целата дигитална картографија е непрецизна и

некомплетна до некој степен. Никогаш не се потпирајте

единствено на картографијата која што ја даунлоадирате

за употреба во овој уред.

Оvi Maps

© 2009 Nokia. Сите права се задржани.

38