
Планирање на маршута
За да испланирате маршута, скролувајте до Вашата
појдовна точка на мапата, притиснете го копчето за
скролување, и одберете Add to route. За да додадете
дестинација и повеќе локации во маршутата, одберете
Add new route point. Ако сакате да ја користите Вашата
моментална позиција како појдовна точка, додадете ја
дестинацијата во маршутата.
За да го промените редоследот на локациите на
маршутата, скролувајте до локација, притиснете го
копчето за скролување, и одберете Move. Скролувајте до
местото каде сакате да ја поместите локацијата, и
одберете Select.
За да ја измените маршутата, притиснете го копчето за
скролување, и одберете Edit route.
За да ја прикажете маршутата на мапата, одберете Show
route.
За навигирање до дестинацијата со автомобил или пеш,
ако имате купено лиценца за овие услуги, одберете Show
route > Options > Start driving или Start walking.
За да ја зачувате маршутата, одберете Show route >
Options > Save route.