
За GPS
Координатите во GPS се изразени во форматот степени и
децимални степени користејќи го меѓународниот
координатен систем WGS-84. Достапноста на
координатите може да се разликува според регионот.
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван
од Владата на Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата
на Соединетите Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на Министерството за Одбрана
на Соединетите Држави и Федералниот
Радионавигационен План. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради или под земја и може
да бидат попречени од материјали како што се бетон или
метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате единствено
на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто така
може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Различни методи на позиционирање можат да се
овозможат или оневозможат во поставките за
позиционирање.