
GPS податоци
Одберете > Applications > GPS data.
GPS податоците се дизајнирани да обезбедат
информација за наведување на патека до определена
дестинација, информации за позиција за Вашата
моментна локација, и информации за патување, како што
се приближната оддалеченост до дестинацијата и
приближното времетраење на патувањето.
Координатите во GPS се изразени во форматот степени и
децимални степени кој што го користи меѓународниот
координативен систем WGS-84.
За да користите GPS податоци, GPS ресиверот на Вашиот
уред мора првин да прима информација за позицијата од
најмалку четири сателита за да ги пресмета координатите
на Вашата локација. Кога ќе се направи првичната
пресметка, можно е да се продолжи со пресметување на
координатите на Вашата локација со три сателити. Како
и да е, прецизноста општо е подобра кога ќе се пронајдат
повеќе сателити.